<style>.lazy{display:none}</style>Процедура за грижа на ученици кои подолго отсуствуваат од наставата
bird
sun

Процедура за грижа на ученици кои подолго отсуствуваат од наставата

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

  Процедура за грижа на ученици кои подолго отсуствуваат од наставата (хронично заболување или посериозни повреди)

 

       Во текот на својот раст и развој  кај некои деца се јавуваат нарушувања на здравјето и доаѓа до појава на хронични заболувања, кои претставуваат потешкотија за нивниот правилен раст и развој.
       Понекогаш се случува децата да се здобијат и со посериозни повреди кои бараат подолготрајно отсуство од наставата.
       Со цел да им се помогне на овие ученици, во училиштето се предвидени следниве активности:
•    Идентификација на сите деца со хронични заболувања и повреди;
•    Евидентирање од страна на одделенските и класните раководители на оние ученици кои имаат вакви потешкотии;
•    Во соработка со родителите, одделенските  и класните раководители бараат информации за периодот за отсуство на детето (наод и мислење од лекар, медицинска потврда и сл.);
•    Оние наставници што треба да работат со децата подготвуваат скратена наставна програма која треба да се реализира со учениците;
•    Ако се работи за подолго отсуство на учениците (1-3 месеци ), наставникот го посетува ученикот 1-2 пати неделно и дава упатства и инструкции за работа на ученикот;
•    Наставникот му дава објаснување на родителот како да му помага на детето за совладување на наставниот материјал;
•    Работата на ученикот, наставникот редовно ја следи и доколку има потреба работи индивидуално, а по враќање на ученикот од боледување организира дополнителна настава;
•    Доколку и покрај помошта која е пружена од страна на наставникот и родителот, ученикот не се стекнал  со доволно знаење за време на боледувањето, истиот се упатува на полагање класен испит.