<style>.lazy{display:none}</style>Проекти
bird
sun

Свечено отворање на реновираното подрачно училиште „11 Октомври“ во село Речица

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
Со средства обезбедени од српскиот културно-информативен центар „Спона“ и од хуманитарната организација „Срби за Србите“ подрачното училиште „11 Октомври“ во село Речица на 12.2.2025 год. свечено го одбележа неговиот реновиран ентериер.
14
 
 „Среќни и задоволни продолжуваме со настава во реновираната зграда на подрачното училиште. Направено е комплетно реновирање на подови, ѕидови, плафони и замена на внатрешни врати. Веќе се изработува проект за поставување на целосно нова фасада и се надеваме дека наскоро ќе најдеме средства, но планираме и набавка на смарт-табли и компјутери, она што секојдневно е потребно за работа на наставниците во 21-от век.“ - истакна директорката Драгица Спасиќ.
 
345612
 
Интервенцијата врз внатрешниот простор на зградата беше неопходна поради значителните оштетувања кои настанале со тек на времето и поради појавата на мувла.
 
Во периодот додека траеше реновирањето, учениците наставата редовно ја посетуваа во подрачно училиште во село Долно Којнаре. Превозот до училиштето им го овозможуваше туристичката агенција “Јоцо Турс” - Куманово како лична донација.
 
> >
Свечениот настан беше одбележан со богата културно-уметничка програма во организација на училишето. На свеченоста присуствуваа претставници од српскиот културно-информативен центар „Спона“, од хуманитарната организација” Срби за Србе”, од Советот на Општина Куманово, родители и ученици, претставници од бизнис-секторот кои честопати несебично даваат придонес во целосно реализирање на активностите на училиштето.
 
15ООУ „11 Октомври“ - Куманово заедно со директорката упатија благодарност до туристичката агенција „Јоцо Турс“, до понудувачите на локалните угостителски услуги (ресторанот „Јард“, кебапчилницата „Џипси“, ресторанот „Грација“, службата за испорака на храна LCS TD Куманово, пекарницата „Фреш“), до културно-уметничкото друштво „Српски вез“. На донаторите им беа врачени благодарници и скромни подароци од училиштето.
 
Во подрачното училиште во село Речица 18 ученици од прво до петто одделение посетуваат одделенска настава. Предметната настава се одвива во централното училиште во Куманово.