Со средства обезбедени од српскиот културно-информативен центар „Спона“ и од хуманитарната организација „Срби за Србите“ подрачното училиште „11 Октомври“ во село Речица на 12.2.2025 год. свечено го одбележа неговиот реновиран ентериер.


„Среќни и задоволни продолжуваме со настава во реновираната зграда на подрачното училиште. Направено е комплетно реновирање на подови, ѕидови, плафони и замена на внатрешни врати. Веќе се изработува проект за поставување на целосно нова фасада и се надеваме дека наскоро ќе најдеме средства, но планираме и набавка на смарт-табли и компјутери, она што секојдневно е потребно за работа на наставниците во 21-от век.“ - истакна директорката Драгица Спасиќ.
Интервенцијата врз внатрешниот простор на зградата беше неопходна поради значителните оштетувања кои настанале со тек на времето и поради појавата на мувла.
Во периодот додека траеше реновирањето, учениците наставата редовно ја посетуваа во подрачно училиште во село Долно Којнаре. Превозот до училиштето им го овозможуваше туристичката агенција “Јоцо Турс” - Куманово како лична донација.
Свечениот настан беше одбележан со богата културно-уметничка програма во организација на училишето. На свеченоста присуствуваа претставници од српскиот културно-информативен центар „Спона“, од хуманитарната организација” Срби за Србе”, од Советот на Општина Куманово, родители и ученици, претставници од бизнис-секторот кои честопати несебично даваат придонес во целосно реализирање на активностите на училиштето.
